Каква Премиер лига? Ова беше најнеизвесната трка за титулата во Европа

Главното прашање во најсилните лиги во Европа е кој ќе биде првак во Англија? Ливерпул или Манчестер сити? Се ќе се знае во последното коло. Засега Ливерпул е лидер и има два бода предност, но „граѓаните“ утре ќе играат против Лестер и со победа ќе се вратат на челната позиција.

Премиер лигата може во последната минута да го даде шампионот, но сепак и да биде така, тоа нема да биде најнеизвесната трка за титулата. Вчера, во Малта, екипата на Валета ја прослави 25-тата титула во историјата и тоа по одигрување на „мајсторка“ против Хиберниранс. По завршување на сезоната, овие две екипи имаа по 58 бодови, а во Малта не важи правилото за тоа шампион да биде екипата со подобра гол разлика, ниту екипата која би имала подобар биланс во меѓусебните дуели. Таму шампионот се решава со меч „мајсторка“.

И во мајсторката имаше многу неизвесност и драма. Хиберниранс поведе со 1:0, но Валета израмни, па по 90 минути беше 1:1. Се играа дополнителни 30 минути во кои Валета поведе со 2:1, но противникот не се предаде и со гол во 118 минута израмни на 2:2. Тоа значеше дека ќе има пенали за да се дознае шампионот.

Валета имаше повеќе среќа во пенал-рулетот и победи со 4:2 за нова, рекордна титула во првенството на Малта.

 

- Оглас -

Најнови вести