Каква ујдурма со Мбапе – Договорот со ПСЖ му е до 2024, од почит кон клубот се сликал со дрес со бројот 2025

Килијан Мбапе сака да си замине од Пари Сен Жермен, а шпанска „Марка“ објави дека комплетно се нарушени односите меѓу двете страни и има многу причини за тоа.

Едната од нив е што според Мбапе клубот воопшто не ги исполнува обврските што беа ветени кога го продолжи договорот ова лето.

Токму тука се најсочните детали од ујдурмата, а „Марка“ тврди дека Килијан го продолжил договорот со ПСЖ до 2024 година, иако се сликаше со дрес на кој стоеше бројката 2025.

Во текстот на шпанскиот медиум се вели дека Мбапе тоа го сторил од почит кон ПСЖ, па наместо четворка на крај, на официјалната фотографија стои петка, а и како што сите објавија дека договорот е важечки до 2025 година.

Мбапе сака да си замине од Париз и да игра за Реал Мадрид, но ПСЖ не го дозволува тоа.

Односите меѓу Насер Ал Келаифи и Флорентино Перес се сериозно нарушени, по случувањата ова лето, кога Кралскиот клуб веќе имаше договор со Килијан, но парижани, односно богатите шеици од Катар со невидена понуда успеаја да го задржат напаѓачот.

Шпанска „Марка“ тврди дека Мбапе сигурно ќе си замине идното лето, а ПСЖ веќе се подготвува за разделба со него.

Реал Мадрид ќе се обиде повторно да го ангажира Мбапе, а засега единствена опција е да се пресели во Ливерпул, клуб кој се обиде да направи трансфер и да го доведе Килијан во преодниот рок ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести