Калабалак во Пекинг: мечот доцнеше еден час, па играа со маски, а Русинките завршија без маски (Фото)

Скандал се случи на женскиот олимписки турнир во хокеј на мраз. Дуелот помеѓу Канада и Русија беше одложен за цел час, се чекаа резултати од тестирањата за ковид-19.

Канаѓанките се повлекоа во соблекувална и ставаа маски на лицата, по што двата тима добија наредба „за секој случај“ да играат со заштитни маски.

Хокеарките играа со маски, а Русинките, кои загубија со 1-6, се жалеа дека дишењето е отежнато и дека не е добро да се игра со маски. Но, тука не беше крајот на циркусот. По завршувањето на втората третина, дојдоа резултатите, па организаторите им оставија на тимовите сами да одлучат дали ќе играат со маски.

Канаѓанките до крај играа со маски, а Русинките во последниот период играа без маски, но тоа не им помогна во резултатска смисла.

- Оглас -

Најнови вести