Калин со фантастичен пресврт стигна до финалето, последен ривал му е „Белатакуќа“

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во Мадрид, кој се игра на тврда подлога, за награден фонд од 15.000 долари. Во денешното полуфинале, Ивановски по безмалку два часа игра, го победи Сидане Понтјодикромо од Холандија со 2:1 во сетови.

Ивановски беше фаворит пред мечот и го добир првиот сет со 6:4. Сепак, потоа следуваше пад во играта на македонскиот тенисер, па тоа го искористи противникот кој лесно го доби вториот сет со 6:1 и израмни на 1:1. Калин лошо започна и во третиот решавачки сет, па Понтјодикромо поведе со 5:2 и имаше сервис за победа.

Тоа како да го разбуди Ивановски кој конечно заигра многу подобро и не само што го зема гејмот на тој сервис на противникот, туку нанижа пет гејма по ред и од 2:5, на крајот стигна до 7:5 и победа за пласман во финалето.

Во утрешното финале Ивановски ќе игра против Марк Вајтхаус од Велика Британија, кој со 2:1 во сетови беше подобар од Ечеверија во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести