Калјари го освои Бергамо и во третото последователно гостување

Калјари трета година во низа ја изненади Аталанта на Бергамо и славеше победа од 2-0. Сардинијците со денешниот триумф ги добија последните три гостувања кај екипата на Џампјеро Гасперини и ја продолжија низата на добри резултати надвор од својот стадион.

Калјари сезонава е непоразен во пет гостински меча – украдоа три бода од Парма и Наполи, додека ремизираа со Рома и Торино, а Аталанта е петтиот тим на кого му зедоа мерка.

Новата победа Калјари ја запиша благодарение на автоголот на Пасалиќ, но и Олива, кој ги запечати трите бода на половина час до крајот од мечот. На гостите уште повеќе им помогна исклучувањето на Иличиќ во 39-тата минута, па Аталанта немаше шанси да се надигрува со играч помалку.

Кајлари по овој меч ќе застане на петтото место со 21 бод, Аталанта е четврта со идентичен број на бодови по 11 одиграни натпревари во Серија А.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести