Калулу го проби бункерот на Рома (Видео)

Фудбалерите на Милан имаат предност од 1:0 по првото полувреме во дерби мечот од 17-то коло од Серија А против Рома.

Стрелец на единствениот гол беше Пјер Калулу во 30-та минута, кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на Рома по корнерот што го изведе Тонали

Росонерите беа подобар тим во првиот дел, доминираа во секој сегмент на играта, а за тоа колку беа подобри на „Сан Сиро“, најдобро покажува податокот дека имаа 70 отсто посед на топката.

https://twitter.com/i/status/1612182438465134593

- Оглас -

Најнови вести