Каменица Саса се засили со фудбалерка од земјата која е светски првак

Актуелниот македонски шампион во женски фудбал, Каменица Саса, својот играчки кадар го засили со фудбалерка од САД. Станува збор за Пејтон Чик, која откако успешно ги помина медицинските тестови, потпиша едногодишен договор.

„Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции, со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и порезултатни! Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и секако трета титула во низа“ – се вели во објавата од клубот од Македонска Каменица.

Чик е прва американска фудбалерка, која ќе настапува во македонскиот женски клупски фудбал. Таа во Каменица Саса доаѓа од израелскиот второлигаш Хапоел Ра’анана.

- Оглас -

Најнови вести