Каменуван автобус со навивачи на Работнички

При напуштањето на населбата Аеродром, автобус со кој се превезувале навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички бил каменуван близу хотелот „Хилтон“. Овој инцидент се случил по дерби-мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“. Од МВР потврдуваат дека автобусот бил каменуван.

Неофицијално, врз автобусот се фрлени камења, а има и повредени. Полицијата врши увид. МЗТ го победи Работнички со 85-63, па ова само дополнително ја расипа вечерта за фановите на најтрофејниот македонски клуб.

- Оглас -

Најнови вести