Камерун го користи најсилниот адут да и се спротивстави на Германија во битка за фудбалскиот бисер

Легендата на Камерун, Самуел Ето, е силен адут на Нескротливите лавови во битката со Германија за фудбалскиот бисер Јусуфа Моукоко.

Моукоко, кој е роден во Јаунде, Камерун, како дете е преселен во Германија и има играно за сите возрасни селекции на Елфот, освен за сениорската репрезентација.

Ето и делегација на Камерунската фудбалска асоцијација најавија посета на 17-годишниот мултиталент со цел да го наговорат да игра за Камерун, а подготвени се веднаш да му дадат шанса уште на Африканскиот куп на нациите што ќе се игра на почетокот на 2022 година, а Kамерун е домаќин.

Моукоко е најмладиот фубдалер што играл во Лигата на шампионите, а тоа му се случи како играч на Борусија Дортмунд против Зенит на возраст од 16 години и 18 дена.

Екстраталентот лани стана и намладиот стрелец во Бундеслигата, со гол против Унион Берлин на возраст од 16 години и 28 дена.

- Оглас -

Најнови вести