Канада привремено останува без НБА-тим, ланскиот првак ќе игра како Луизвил репторс

Новата сезона во НБА-лигата најверојатно ќе почне на 18 јануари 2021, за Денот на Мартин Лутер Кинг, а во најава е уште една голема новина, привремена преселба на Торонто репторс. Американците поради опасност од заразата ковид-19 имаат забрана за патување во Канада, па Рептилите нема да смеат како домаќини да играат во својата сала.

Безбол тимот Торонто блу џетс веќе игра во Бафало, а фудбалскиот тим од Торонто во МЛС-лигата настапува во Ист Хартфорд, во сојузната држава Конектикат. Нема најави дека забраната за патување во Канбада брзо ќе биде симната.

Има шпекулација дека Репторс би можеле да се преселат во Луизвил, во сојузната држава Кентаки, но одлуката уште не е донесена. Луизвил е еден од градовите кои чекаат на ред да влезат во НБА, но ако лигата се прошири или ако некој клуб реши да се преселе, прв на листата е Сиетл. Има опција Торонто да се пресели во Њујорк или Чикаго, но во тие големи градови нема навивачи, тие градови си имаат свои клубови и затоа Луизвил е подобра опција.

- Оглас -

Најнови вести