Канаѓаните за првпат по 2006 останаа без олимписки медал во хокеј

Русија – Шведска и Финска – Словачка се полуфиналните двојки на хокејскиот олимписки турнир во машка конкуренција. Европа доминира во овој спорт на ЗОИ во Пекинг, отсуството на НХЛ-ѕвездите најсилно ги погоди САД и Канада.

Откако Американците на пенали загубија од Словачка, попладнево се случи уште едно изненадување, Шведка ја совлада Канада со 2-0. Канада во 2006 година беше само седма и за првпат по тој дебакл, повторно земјата која е колевка на овој спорт нема да освои медал.

- Оглас -

Најнови вести