Капарос: Македонија го немаше Пандев, но и ние бевме некомплетни

Ерменскиот селектор Хоакин Капарос жали што не паднал гол вечерва во Скопје и вели дека не им е премногу важно што во моментов се првопласирани на табелата во групата Ј.

„Ја познаваме Македонија, играше и на ЕП. Пандев го нема, но Македонија има добри играчи. И нас ни фалеа неколку важни поединци, мислам дека бевме во слична ситуација. Би сакале да напаѓаме, но на теренот има два тима, играта на противникот беше добра. Групата е многу изедначена, се подготвуваме од меч на меч, не обрнуваме внимание на табелата“, рече Шпанецот Капарос.

- Оглас -

Најнови вести