Капарос: Жал ми е што Димитриевски нема да настапи за Македонија

Ерменија е првата пречка за фудбалската селекција на Македонија во новата сезона од Лигата на нациите. Во пресрет на мечот се обрати селекторот Хоакин Капарос, кој со оптимизам и нетрпение ја очекува утрешната пресметка.

„Ние со нетрпение и голем ентузијазам го очекуваме утрешниот дуел. Сакам да ѝ честитам на УЕФА за одлуката да го зголеми бројот на тимови. Нашата екипа се состои од искусни и млади играчи. Македонија има доста добар тим исто така со искусни фудбалери, но се надевам дека ќе издвоиме позитивен резултат. Во фудбалот една недела е долг период и може да се случат промени, а не па две години од последниот меч кој го одиграа Ерменија и Македонија. Жал ми е што Димитриевски што нема да брани за нашиот противник, го гледав неговото деби во Гранада. Не би можел целосно да го спроведам шпанскиот стил на игра во оваа репрезентација од проста причина што играчите се различни. Но, со оглед на моето тренерско искуство во Шпанија, ќе се обидам да наметнам оваа селекција да игра убав фудбал. Секако дека отсуството на Мхитарјан не може да биде добро за нас, но ние ќе се обидеме да обезбедиме позитивен резултат со играчите кои ни се на располагање“, истакна Капарос.

Познато е дека Столе Димитриевски, првиот голман на нашата селекција, е недостапен за утрешниот дуел бидејќи е позитивен на ковид-19. Што се однесува за поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Арсенал, Мхитарјан не е дел од Ерменија за овој циклус бидејќи од неодамна ги почна подготовките за новиот клуб, Рома.

Дуелот Македонија – Ерменија е закажан за утре со почеток во 15 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести