Капело: Берлускони уште пред 30 години сакаше Суперлига

Еден од најголемите италијански и светски фудбалски стручњаци, Фабио Капело, откри дека некогашниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, бил првиот што пред 30-тина години размислувал за формирање на европска Суперлига.

„Берлускони размислуваше за тоа уште во 1988 година. Тој не можеше да замисли неговиот клуб да биде елиминиран само по еден натпревар. Уште тогаш говореше за поинаков фудбал и дека сака постојано да ги гледа најдобрите клубови на Сан Сиро“, рече Капело, кој голем дел од својата кариера ја мина во Милан.

Додека Берлускони беше сопственик на Росонерите, Милан петпати беше европски првак. Сега Берлускони го поседува второлигашот Монца кој се бори за влез во Серија А.

Проектот наречен Суперлига пропадна брзо по обелоденувањето, откако УЕФА, ФИФА и националните фудбалски федерации се заканија со остри санкции за богатите клубови, а и по жестоките реакции на навивачите.

 

- Оглас -

Најнови вести