Фабио Капело би можело да стане селектор на Кина

Фабио Капело е најсериозен кандидат за преземање на селекторската функција во националниот тим на Кина. Овој 72-годишен италијански стручњак, последниот клупски ангажман во 2017/18 го имаше токму во Кина, го водеше тимот на Џансу Сунинг, па запознат е со приликите во кинескиот фудбал.

Од 2016 до 2019 година, репрезентацијата на Кина ја водеше Марчело Липи, но тој се повлече по испаѓањето во четврт-финалето на Азискиот куп. Кинезите сега повторно сакаат да ги води Италијанец и желба број 1 им е Капело.

Капело во богатата и трофејна тренерска кариера ги има водено Милан, Реал Мадрид, Рома, Јувентус, а беше селектор и на Англија и на Русија. Минатата пролет Фабио Капело објави дека става крај на тренерската кариера, но можеби Кинезите ќе го премислат и тој ќе се појави на нивната клупа.

- Оглас -

Најнови вести