Капело ги откри имињата на дефанзивците кои Мурињо не ги доби летоска

Манчестер јунајтед е во сè поголема резултатска криза. Според многумина, главен виновник за ова е тренерот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег уште пред почетокот на сезоната најавуваше дека ќе има проблеми, посебно во дефанзивниот ред, откако челниците на клубот не му дозволија да доведе неколку играчи.

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело открива кои се двете имиња што Мурињо сакал, а не успеал да ги доведе во одбраната на Манчестер.

„Летово имав состанок со Мурињо и тој бараше да доведе двајца дефанзивци во Манчестер. Едниот беше Милан Шкрињар, а другиот е Кулибали“, открива Капело.

Доколку Манчестер успееше да доведе барем еден од овие двајца, сигурно дека проблемот со одбраната во екипата ќе беше многу помал, а најтрофејниот англиски клуб немаше да има ваков почеток на сезоната. Доколку работите во Манчестер не се променат, можно е Мурињо да добие отказ, и тоа уште наредната недела.

- Оглас -

Најнови вести