Капело ги „запали“ навивачите на Росонерите: Милан може да биде првак во Италија

Прославениот италијански тренер Фабио Капело е еден од ретките кој може да се пофали дека и како играч и како тренер бил првак на Италија со Милан. Капело еднаш се радувал на Скудетото со Милан како играч, а како стратег четири пати бил првак.

Милан сезонава започна со перфектни четири победи во четири кола, а последната над големииот градски ривал Интер, со што ги зголеми апетитите на Росонерите. Капело вели дека Милан сега има шанси да стигне до тронот во Серија А, а со тоа да стави и крај на деветгодишната доминација на Јувентус.

„Во вакви чудни околности во кои се игра оваа сезона, Милан има добри шанси. Тренерот Пиоли има повеќе опции, создаде добар состав, а најважна од сè е самодовербата кај фудбалерите. Погледнете го Ибрахимовиќ. Не само што дава голови, туку како делува со својот став и како го влече тимот напред. Ако сите се угледаат на него, тогаш имаат добри шанси за титулата“, рече Капело, кој сепак додаде дека според него, Интер е тимот со најголеми шанси за освојување на Скудетото.

 

- Оглас -

Најнови вести