Капело: Меси е гениј, Роналдо не е!

Еден од најтрофејните италијански тренери Фабио Капело реши да даде свое мислење за двајцата најдобри фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Двете ѕвезди блеснаа во реванш-мечевите од осминафиналето во Лигата на шампиони. Роналдо постигна хет-трик во победата од 3-0 против Атлетико Мадрид, а Меси имаше два гола и две асистенции во триумфот од 5-1 против Олимпик Лион.

„Роналдо е фантастичен играч, но Меси е гениј. Постојат тројца генијалци во фудбалот, а тоа се Пеле, Марадона и Меси. Роналдо е сјаен. Тој е играч што ќе ви помогне да освоите сѐ, но Меси е нешто сосема друго.  Се соочив со него кога имаше само 16 години и останав без зборови. Тој прави работи кои останатите не ги можат. Роналдо успеа од себе да направи шампион, но не е гениј“, рече Капело.

Славниот стратег речиси целиот живот е во фудбалот. Како играч освојувал трофеи со Јувентус, Милан и Рома, а како тренер носел титули во витрините на Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести