Капело: На Анчелоти најдобро му е да ја прифати понудата за селектор на Бразил

Поранешниот трофеен тренер на Милан и Реал Мадрид и ексанглиски селектор, Фабио Капело, по победата на Манчестер сити над Реал од 4-0, изјави дека според него, подобро е Карло Анчелоти да си замине од Кралскиот клуб и да ја прифати понудата за бразилски селектор.

„Пораз од 0-4 во полуфинале е многу лош резултат. Можеби Карло треба да почне да размислува за понудата од Бразил. Во моментов има посилни тимови во Европа од Реал Мадрид и можеби треба да проба да освои Светско првенство. Мислам дека треба да ја прифати понудата“, рече Капело.

По поразот, Анчелоти рече дека останува во Реал и следната сезона и дека има поддршка од претседателот Флорентино Перес, кој пред 15 дена потврди дека нема да го менува тренерот.

- Оглас -

Најнови вести