Капело не сака промени: Лигата на шампионите си е таман

Фабио Капело го бендисува стандардниот формат на Лигата на шампионите и не сака тој да биде од затворен тип, како што предлагаат големите клубови.

„Ако се воведе новиот систам на натпреварување во Лигата на шампионите ќе биде како НБА лигата, а тоа е можеби и прифатливо во Америка, но не и во Европа. Јас повеќе ја преферирам сегашната Лига на шампиони и ми се допаѓа како изгледа“, вели Капело.

Предлогот на големите клубови е да има постојани учесници во ЛШ, кои би играле секоја сезона без разлика на пласманот во домашните првенства, а мал број на екипи би биле променливи. Точнито формат се уште не е познат, а има неколку предлози и модели.

Андреа Ањели го бутка форматот со 16 постојани екипи учесници, а 8 би биле менливи. Има и дански и швајцарски модели, кои се малку поинакви, а промените ако се воведат би почнале да функциораат од 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести