Капело: Роналдо беше најдобриот, но и најпроблематичниот играч кого сум го тренирал

Фабио Капело седеше на клупата на Реал Мадрид во два наврати, во сезоните 1996/97 и 2006/07. Во вториот мандат легендарниот италијански стратег соработуваше со Роналдо Назарио, за кого вели дека е најдобриот играч кого го тренирал, но и најпроблематичниот.

„Дефинитивно најталентиран фудбалер кого сум го тренирал е Роналдо. Воедно тој беше и најпроблематичниот во Реал. Ми создаваше многу проблеми во соблекувалната, често правеше забави. Се сеќавам Ван Нистелрој ми пријде и ми кажа: Тренеру, во соблекувалната смрди на алкохол“, потсвесно знаејќи од каде доаѓа ареата. Кога замина во 2007 година во Милан, ние почнавме да победуваме, но нема сомнежи дека тој беше најдобриот играч со кого сум соработувал“, истакна Капело во интервју за италијанскиот „Скај спортс“.

Бразилската легенда ги бранеше боите на гигантот од Мадрид од 2002 до 2007 година, освојувајќи една титула во Ла Лига, a се прости со 104 гола на 177 настапи.

- Оглас -

Најнови вести