Капело: Тоа што Дешан му го направи на Бензема, јас го направив со Савичевиќ во 1993 година

Трофејниот италијански тренер, Фабио Капело, не мисли дека селекторот Дидие Дешан направил грешка со изоставувањето на Карим Бензема од финалниот меч со Аргентина, иако со Бензема во составот, Французите можеби и ќе ја освоеја титулата.

Капело ова го потсети на една ситуација од пред 29 години, кога се откажал од услугите на Дејан Савичевиќ, иако можел да го користи Црногорецот.

„Не згреши Дешан. Јас истото го направив со Савичевиќ. Во 1993, игравме Интерконтинентален куп против Сао Пауло. Две години претходно, Дејан играјќи за Црвена ѕвезда доби црвен картон, и мислевме дека нема право на настап. На неколку часа пред мечот се дозна дека може да игра, а јас веќе имав подготвено состав со Радучоју и немаше да биде чесно кон него и тимот ако го исфрлев. Загубивме со 2-3. Дали ние тогаш и сега Франција сега ќе освоеја трофеј со Савичевиќ и Бензема? Можеби да“ – рече Капело.

- Оглас -

Најнови вести