Капело: Убаво би било во финалето да нема мадридски тим

Италијанскиот тренер Фабио Капело, смета дека е убаво да види како во осминафиналето се елиминирани двата мадридски тима, и во финалето на Лигата на шампионите на „Ванда метрополитано“ во Мадрид, да нема тим од главниот град на Шпанија.

Капело е поранешен тренер на Реал, и смета дека дебаклот на „кралскиот клуб“ во мечот со Ајакс, треба да му помогне на Јувентус да верува оти може да го елиминира Атлетико, и покрај непријатната негатива од 0-2 по првиот дуел.

„Убаво би било сезонава мадридските тимови да отпаднат порано, и да не играат финале во нивниот град“ – изјави Капело за „Скај спортс“, притоа кажувајќи го тоа со насмевка.

Реал отпадна, а дали истата судбина ќе го снајде и Атлетико, останува да се види после реваншот во Торино. Според Капело, многу работи ќе зависат од Кристијано Роналдо.

„Мислам дека нема поголем мотив за Кристијано од ова. Тој со сите сили ќе се обиде да го елиминира Атлетико“ – додаде Капело.

- Оглас -

Најнови вести