
Филип Кузмановски како вистински капитен ја предводеше Македонија на дуелот против Португалија. Тој одигра еден од најефикасните мечеви во националниот дрес, постигннувајќи дури 15 голови и беше незадржлив за португалската одбрана.
„Некако е тешко сега да се зборува. По мечот со Данска навистина верувавме во себе и знаевме дека може да им се спротиставиме на Португалија. Горд сум на целата екипа затоа што 60 минути се бореа за Македонија. Сите покажаа срце, дека се игра со глава со срце за Македонија. Ако ја повоториме оваа игра против Романија ќе победиме. Не би сакал да калкулирам за тоа какви шанси имаме да одиме во следната фаза, но ние сакаме да победиме“, рече Кузмановски.

