Борусија Дортмунд се намачи, но на крајот победи со 2:1 на својот „Сигнал Идуна Парк“ во дуелот против Штутгарт, во меч од 12. коло на Бундеслигата. Со оваа победа, Борусија стигна до 27 бодови и сега има само еден бод помалку од лидерот и актуелен првак Баерн Минхен.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Мален ги доведе домаќините во водство, а Штутгарт израмни преку Масимо само седум минути подоцна. Борусија се мачеше да постигне втор погодок, а тоа на крајот се случи во 85 минута кога капитенот марко Ројс погоди за 2:1 и три бода за Милионерите.
Во останатите мечеви кои попладнево се играа во Бундеслигата: Арминија Билефелд – Волфсбург 2:2, Баер Леверкузен – Бохум 1:0, Борусија Менхенгладбах – Гројтер Фурт 4:0, Хофенхајм – Лајпциг 2:0.