Капитенот искрено после поразот: „Кога некој е подобар треба да се подаде рака и да се признае“

Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимален пораз од Финска го започна настапот во Европската златна лига. Капитенот Никола Ѓорѓиев, признава дека противникот бил подобар и заслужен победил, а ние нашата шанса ќе ја бараме на утрешниот меч против Словачка.

„Мој четврти натпревар против нив и четврти пораз. Дефинитивно Финска е противник кој не ни одговара, бидејќи многу малку греши и игра многу паметно и константно. Нивната игра се базира на блокот, многу се високи и физички се многу посилни од нас и секоја тешка топка останува во терен. Веруваат во својот блок и денеска тоа е елементот во играта кој ја направи најголемата разлика. Четири пати – четири порази, многу ми е тешко, но кога е некој подобар мора спортски да се подаде рака и да се признае тоа. “ – вели капитенот на одбојкарската репрезентација.

Македонија утре ќе игра против Словачка, на вториот меч од првиот турнир на Европската златна лига, а Ѓорѓиев очекува подобра претстава и победа.

„Ние со главата веќе сме во утрешниот меч со Словачка. Словаците загубија вчера исто така 3:0 од Финска и може да кажеме дека Финците се севкупен победник на овој турнир, а ние утре ќе се бориме, условно кажано, за второто место и за прва победа годинава во Златната лига. Со Словачка имаме одиграно само еден натпревар во 2021 година и тоа пријателски. Ако сакаме да се радуваме против нив мораме да одиграме подобро, да бидеме полуцидни во решенијата, особено во нападот. Мислам дека имавме добар прием денеска, се надевам дека така ќе биде и утре, а ние ќе мора да понудиме подобри решенија во напад. Се надевам дека со поголема храброст и агресивност и со мислите насочени кон победа ќе успееме да се радуваме. Верувам дека утре е денот за победа“, заклучува капитенот на А тимот.“ – рече Никола Ѓорѓиев.

- Оглас -

Најнови вести