Капитенот на Англија има нов прекар по промашениот пенал, сега е Хари Пеин

Селекцијата на Англија загуби со 1:2 од Франција во последниот четвртфинален натпревар на Светското првенство, а вистински трагичар е капитенот на Гордиот Албион, Хари Кејн, кој доби нов прекар од медиумите во Обединетото Кралство.

Кејн во 84-та минута имаше можност да го израмни резултатот, но топката по неговиот удар од белата точка заврши над голот на Уго Лорис.

Поради тоа, англиските медиуми во дадоа нов прекар на Хари Кејн, таблоидот „Сан“ го прекрсти во Хари Пеин (болка).

„Извесно е дека Хари Кејн, кој е пеколно добар голгетер, ќе ја заврши кариерата без успех со репрезентација. Исто како и Саутгејт, се чини дека имаат иста судбина“, пишува „Сан“.

На елиминацијата реагираа и англиските навивачи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести