Капитенот на Арсенал ќе се одреди со тајно гласање

Тренерот на лондонски Арсенал, Унаи Емери, има намера од своите фудбалери да побара да гласаат за петте имиња кои тој ќе ги предложи за капитен на тимот. Капитенската лента на мечевите сезонава ја носи Гранит Џака, но ако со гласањето на неговите соиграчи се одлучи поинаку, Швајцарецот нема да биде капитен на Топчиите.

До минатата сезона капитен беше Лоран Кошќелни, но тој си замина, па искусниот Џака ја презеде лентата.

Според најавите на извори блиски до Емери, гласањето ќе биде тајно и ќе се одржи во тренинг-центарот на Арсенал. Се зборува дека Џака е сигурен меѓу петте капитени, се очекува доверба да добие и Месут Озил, тука се и Холдинг, Белјерин и Сократис, а можно е и изненадување од типот на Давид Луиз, кој иако е нов во клубот, се наметнал со својот авторитет.

 

- Оглас -

Најнови вести