Искустниот Томас Муние ќе ја има улогата на капитен на Белгија на мечот против Македонија. Тој на прес-конференцијата најави дека нема да нѐ потценат, бидејќи за нив не е важно дали играат против Македонија или против Бразил.
„Треба да разбереме дека во минатото имавме премногу грешки, потценувајќи ги селекциите што се од понизок ранг. Во секоја ситуација мора да се даде се од себе. Не постојат големи и мали. Секој тим сака да победи, секој меч е посебна приказна. Чувствувам дека има промена во тимот, дека има нови ветришта. Белгија мора да е на највисоко ниво, дали против Бразил или Македонија, нема разлика.“ –