Капитенот на националниот тим на Бугарија, Ивелин Попов, беше многу разочаран по поразот од 2:3 против Косово во Софија, а воопшто не се штедеше во критиките за помладите играчи, кои според него, не се однесуваат доволно сериозно. Многу работи за кои Попето ги искритикува Бугарите, може да се кажат и за македонските репрезентативци по дебаклот против Австрија.
„Сите во соблекувалната беа со наведнати глави. Им кажав дека не можеме да го вратиме времето, требаше да си ги искористиме добрите моменти. Ако зборувам за физичката состојба на тимот, нема да биде многу пријатно. Има уште многу мечеви, да се надеваме на чудо. Немаме чувство за единство како нација. Важно е да се сака. Не може јас на 32 години да им кажувам дека треба да бидат на теренот 30 минути пред тренинг. Националниот тим не е сиропиталиште. Едно време за да те викнат во репрезентацијата, требаше да имаш барем 10-15 натпревари во елитна лига. Ме боли, но вината е во неединството и немањето желба кај играчите. Се извинувам ако навредив некого”, рече, меѓу другото, Попов.