Капитенот на Чешка и се закани на Македонија

Македонија попладнево ќе атакува на втората победа на ракометното ЕП, треба да се победи Чешка. Според сите прогнози, се очекува многу неизвесен меч, а Чесите кои загубија во првото коло од Австрија, најавуваат дека не се откажуваат од борбата за едно од првите две места во групата.
Во своите редови Чешка го имаат искусниот Ондреј Здрахала, кој пред две години на континенталниот собир во Хрватска беше најдобар стрелец. Капитенот на Чесите најавува дека сите опции се во игра и дека тие нема предвреме да се предадат.
„Системот на натпреварување сега е поинаков, пласман понатаму обезбедуваат само по две селекции по групата. Јас се уште сум убеден дека ќе се најдеме во втората фаза, но и дека може да се случи да се направи круг со кој ќе пренесеме два бода во следната рунда. Ќе ја победиме Македонија, немаме друг избор, очекувам многу подобро издание отколку со Австрија, особено со помладите, кои беа премногу нервозни на отворањето од шампионатот“, изјави 36-годишниот Здрахала.

 

- Оглас -

Најнови вести