Косовскиот репрезентативец го пофали Елмас: Роден за свадби (Видео)

Елиф Елмас како игра во ритамот на албанска музика е видеото кое неодамна се појави, а е снимено во соблекувалната на Наполи. Дел од албанските медиуми го објавија видеото кое го постирал косовскиот репрезентативец Амир Рахмани, а на кое се гледа како Елмас танцува во ритамот на музиката.

Пораката на Рахмани за Елмас беше: „Роден за свадби“.

Елмас сезонава игра одлично во Наполи, тим кој е со максимален учинок во Серија А. Наполи утре на свој терен ќе игра против Легија во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести