Капитенот на Манчестер јунајтед е уапсен на Миконос!

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, бил уапсен на грчкиот остров Миконос, каде што е на летен одмор. Еден од најскапите одбранбени играчи на светот завршил во полициска станица на „островот на ветриштата“ откако со група пријатели пред ноќен клуб имале жестока расправа со други Британци. Полицијата реагирала и ги привела највоинствените, меѓу кои и фудбалерот на Јунајтед.

Мегваер бил еден од тројцата кои ги навредувале полицајците, па дури и физички ги нападнале. Тројцата Англичани и во станица продолжиле да провоцираат. Сето ова се информации од грчки медиуми, кои се повикуваат на изјави од полицајците.

- Оглас -

Најнови вести