Капитенот на Манчестер сити во следните две сезони ќе игра за Барселона

Илкај Гундоган ја имаше честа да биде првиот фудбалер во историјата на Манчестер сити што го кренал трофејот од Лигата на шампионите. Германскиот репрезентативец со капитенската лента на раката високо го крена пехарот по завршување на финалето против Интер на стадионот во Истанбул.

Договорот на Гундоган со Сити истекува ова лето и тој за неколку дена ќе биде слободен играч. Тоа значи дека токму финалето во ЛШ ќе биде последен меч за Гундоган како играч на Сити.

Најавите се дека Гундоган веќе ги има договорено сите детали за да стави потпис на договорот со Барселона. Фудбалерот дури ги поминал и лекарските прегледи, а договорот треба да биде потпишан на две години, со опција за продолжување на уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести