Капитенот со непромислен потег: Прво „му удри глава“ на противникот, а потоа го згазна со копачка по глава (Видео)

Цитадела и СПАЛ одиграа меч без голови, во дуел од италијанската Серија Б, но сепак овој дуел ќе се памти по еден неспортски момент. Се играа последните моменти од средбата кога капитенот на домаќините, Симоне Бранка направи непромислен потег.

На средината од теренот, Бранка се „закачи“ со противничкиот играч Салваторе Еспозито, а играчот на СПАЛ го извлече „подебелиот крај“. Бранка најпрво со глава го удри противникот, а потоа и со копачката го згазна по главата.

Судијата без размислување му даде црвен картон на домашниот играч со капитенската лента. Ова беше втор црвен картон за Цитадела на овој дуел, откако во 44 минута Данзи беше исклучен поради два жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести