Голот на Бајрамов од пенал во 18-та минута се покажа како единствен на мечот Шкендија – Карабах, па на реваншот во Азербејџан, македонскиот првак влегува со минимална негатива и ќе има тешка работа да се избори за плејоф во Лигата на шампионите.
Не дека 0-1 е резултат кој не може да се надомести, туку се виде искуството на вакви мечеви кое е на страна на Карабах и тие нијанси се важни. Шкендија бодрена од публиката имаше неколку убави прилики и опасни шутеви, но не успеа да постигне гол кој многу ќе има значеше на возвратниот меч на кој Карабах ќе биде голем фаворит.
Ако испадне од Карабах, Шкендија ќе игра плејоф за влез во Лига Европа против Ференцварош или Лудогорец.