20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Карабах преку ВАР пенал до водство против Шкендија

Карабах ја оправдува фаворитската улога и води со 1-0 во Скопје против Шкендија по првото полувреме на овој меч од квалификациите за Лигата на шампионите.

Во 16-та минута судијата од Словачка досуди слободен удар за азербејџанскиот првак, но нешто подоцна му јавија од ВАР дека фаулот бил внатре во 16-никот, па покажа пенал. Торал Бајрамов беше сигурен реализатор на ударот од белата точка.

Шкендија имаше две убави шанси да изедначи, но не даде гол, ќе мора во вториот дел да брка попозитивен резултат.

- Оглас -

Најнови вести