10.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Карабах со нова победа над Шелбурн и сега чека: Шкендија или ФЦСБ!

Денешната победа од 1-0 над ирскиот Шелбурн го потврди Карабах како ривал на Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите ако македонскиот шампион успее да го елиминира романскиот ФЦСБ.

Доколку Шкендија биде елиминирана од ФЦСБ, тогаш се сели во квалификациите за Конференциската лига и ќе игра против Дрита од Косово.

Азербејџанскиот Карабах, кој имаше само тројца домашни играчи во стартните 11-мина, уште во првиот меч кога во Ирска победи со 3-0, покажа дека е многу посилен од Шелбурн, а денеска рутински и без мака славеше со 1-0 со автогол.

- Оглас -

Најнови вести