Игор Карачиќ засекогаш ги освои срцата на вардаровите навивачи, а во изјава за руски портал повторно само ги обнови симпатиите што ги има во цела Македонија.
„Вардар и Македонија ми се во срцето и никогаш немаше да си заминам, ако не беа огромните финансиски проблеми. Игравме 21 месец без плата, а одлучивме да останеме и се потоа е ракометна бајка. Ја освоивме Лигата на шампионите и сега е редно да биде испочитувано ветувањето од Сергеј Самсоненко. Ни беше кажано дека до 1. септември ќе бидат подмирени сите долгови кон нас“, вели Карачиќ.
Хрватскиот репрезентативец беше МВП на завршниот турнир во Келн во битката за европската титула, што ја освои Вардар. Бајката е една од најубавите во историјата на спортот, а вардаровите јунаци приредија првокласна сензација со победи против Барселона и Веспрем за втора европска круна.
„Ни рекоа дека сме слободни да си заминеме, а ние ја останавме и ја освоивме европската круна. Се беше како на филм, едно спортско доживување што ретко се случува“. додава Карачиќ.
Игор потпиша за Кјелце и ќе биде еден од адутите на послкиот тим во обид да се донесе втората шампионска титула од ЛШ.