Карамела бункерот на Лампард го држи Ливерпул далеку од титулата

Ливерпул има огромен посед на топката во големото дерби со Евертон, односнот е 86:14 во проценти, но фаворитот не успеа да го пронајде патот до мрежата на Џордан Пикфорд и резултатот по првото полувреме е 0:0.

Иако постојано ја имаа топката во свои нозе, домаќините не упатија ниту еден директен удар во рамките на гостинскиот гол, па им останува во второто полувреме да го скршат класичниот бункер што го постави Френк Лампард, кој го предводи Евертон од клупата.

Ливерпул мора да победи ако сака да остане во битката за титулата со Манчестер сити, а и Евертон нема голем избор, бидејќи со пораз и реми на „Енфилд роуд“ денеска ќе биде во опасната зона со три тима кои ќе испаднат од Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести