Кога ќе се разиграат најголемите ѕвезди во екипите, тоа е предзнак за вистинско шоу на паркетот. Така беше на дуелот Голден Стејт – Далас, кој беше како натпревар меѓу Стеф Кари и Лука Дончиќ.
Кари беше незадржлив и даде 57 поени (11 тројки), но сепак тоа не беше доволно за неговиот тим на крајот да се радува. Далас победи со 134:132, а Дончиќ беше прв стрелец во победничкиот тим со 42 поени и 11 асистенции.
Одличен беше и Никола Јокиќ кој постигна рекордни во кариерата 50 поени, но за негова жал, Денвер загуби на гостувањето кај Сакраменто со 119:114.
Највозбудливо беше на дуелот Лос Анџелес лејкерс и Детроит пистонс, а на крајот домаќините се радуваа со 135:129, дури по продолжение. Одлични кај победничкиот тим беа Леброн Џејмс со 33 поени и Ентони Дејвис кој застана на 30 поени.
Резултати: Орландо – Чикаго 92:118, Атланта – Торонто 132:121, Кливленд – Милвоки 99:124, Хјустон – Сан Антонио 106:111, Оклахома – Минесота 120:118, Филаделфија – Бруклин 124:108, Далас – Голден Стејт 134:132, Њу Орлеанс – Мемфис 118:109, ЛА Лејкерс – Детроит 135:129.