Кошаркарот на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, изјави дека тој е најдобриот плејмејкер во историјата на кошарката.
Кари во најсилната кошаркарска лига на светот влезе во 2009 година, кога Воините го избраа како седми пик на драфтот.
Тој досега со Голден стејт освои четири шампионски титули, има едно признание за МВП на големото финале, двапати беше МВП на регуларниот дел од сезоната, а на прашањето на поранешниот НБА-кошаркар, Гилберт Аринас, дали се смета за најдобар плејмејкер на сите времиња, Кари одговори:
„Да, јас сум најдобриот. Во оваа приказна сме само јас и Меџик Џонсон. Биографијата на Меџик е неверојатна, импресивна, но кога ќе го погледнеме влијанието во играта, како и влијанието кај младите деца кои гледаат кошарка, тогаш споредбите се релевантни“.
https://twitter.com/i/status/1693638072942903601