Голден стејт вориорс ја извојува 13-тата победа на 14 меча откако го зедоа Џими Батлер, а средбата со Сакраменто кингс, која ја добија со 130-104, мина во знакот на рекордот за историја на Стеф Кари.
Најдобриот шутер во историјата на НБА дојде до бројка од 4.000 погодени тројки во кариерата. Тој е прв со ваков подвиг, а толку многу е пред сите останати, што само уште Џејмс Харден (3.124) ја има надминато бројката од три илјади тројки.
ЛА лејкерс без Леброн Џејмс во составот беше поразен од Милвоки со 106-126 и покрај тоа што Лука Дончиќ уфрли 45 поени (погоди седум тројки), негова најефикасна игра откако премина кај Езерџиите. Лејкерс има три порази по ред.
Ова е 4.000-тата тројка на Кари:
Number 4,000 was classic Steph Curry 🔥 https://t.co/sZ0249wW4B pic.twitter.com/EYASS0RZdi
— NBA (@NBA) March 14, 2025