Карим Бензема со поддршка за Палестина: „Ова бомбардирање мора да прекине“

Фудбалерот на Ал-Итихад и на француската репрезентација, Карим Бензема, на социјалните мрежи изрази поддршка со народот во Газа. Како што е познато, Израел и Палестина се во крвава војна, а поддршка за едната или за другата страна стигнува и од спортистите.

Бензема на социјалните мрежи напиша:

„Нашите молитви се со жителите на Газа, кои уште еднаш се жртви на неправедно бомбардирање, кое не ги поштеди ниту жените и децата.“

И други фудбалери изминатите денови излегоа со поддршка за Палестина, меѓу кои и Дијакаби од Валенсија, Зијех од Галатасарај, Елнени од Арсенал, Мазрауи од Баерн …

 

 

- Оглас -

Најнови вести