2.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Карлос Алкарас без изгубен сет до полуфинале на Отвореното првенство на САД

Второпласираниот тенисер на АТП ранг-листата, Карлос Алкарас, стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на САД без загубен сет откако и во четвртфиналето славеше со максимални 3-0.

Нова „жртва“ на Шпанецот беше чешкиот тенисер Јири Лехечка, кој беше поразен со 6-4, 6-2 и 6-4.

Сепак, она што со нетрпение се очекува е полуфиналето и можниот дуел против Новак Ѓоковиќ. Противник на Алкарас за место во големото финале ќе му биде подобриот од дуелот на Србинот и домашниот тенисер Тејлор Фриц.

- Оглас -

Најнови вести