Касано го критикува Донарума: Најдобрите не потпишуваат за ПСЖ

Џанлуиџи Донарума набрзо по освојувањето на европската титула со Италија, го комплетира својот ангажман во ПСЖ, каде што ќе брани во наредните пет години според важечкиот договор.

Најдобриот играч на ЕП ги разочара фановите на Милан со оваа одлука да го напушти матичниот клуб кој му ги отвори вратите кон славата само на 16 години. Платата од 12 милиони евра годишно беше причина што Донарума не остана на „Сан Сиро“, а само ПСЖ можеше да ги истрпи трошоците за неговите услуги.

Антонио Касано смета дека Донарума погреши што се одлучи да брани во француското првенство бидејќи според него, најдобрите фудбалери на светот не играат таму.

„Ако си најдобар, тогаш зошто не те бараа Баерн, Барселона или Реал Мадрид? На пример: Нојер има 36 години, зошто не се одлучи нему да му бидеш конкуренција ако си најдобар играч на ЕП? Наместо да предизвикаш врвни голмани, ти си замина во ПСЖ. Таму не играат најдобрите“, истакна Касано.

Иако Донарума си обезбеди богат договор, се шпекулира дека нема да биде прв голман на Светците, односно далеку поискусниот Кејлор Навас ќе му биде прв избор на тренерот Маурисио Покетино.

- Оглас -

Најнови вести