Реал Мадрид го започна вториот дел од сезоната во шпанскиот шампионат со реми од 2-2 на гости кај Вилјареал. „Кралевите“ имаа предност до последните осум минути од средбата, но Санти Касорла спречи неговата „жолта подморница“ да потоне пред свои навивачи.
Искусниот шпански креативец уште во четвртата минута донесе предност за домаќините, но радоста траеше кратко бидејќи Бензема израмни само по три минути. „Кралевите“ остварија целосен пресврт уште во 20-тата минута, а стрелец за 2-1 беше Рафаел Варан.
Цело второ полувреме Вилјареал се обидуваше да дојде до израмнувачки погодок, гостите како да се релаксираат во одлучувачките минути, а сето тоа фудбалерите во жолти дресови го искористија. Касорла со својот втор гол на средбата го постави конечниот резултат на стадионот „Де ла Серамика“.
https://www.dailymotion.com/video/x700k2g
https://www.dailymotion.com/video/x700jz9
https://www.dailymotion.com/video/x700k8v
https://www.dailymotion.com/video/x700nej