Катарски шеик сака да купи европски гигант: „Ми се допаѓаат црвените дресови“

Шеикот Амад бин Али Ал Тани е потенцијален купувач на некогашниот италијански и европски гигант Милан. Шеикот кој е член на катарската државна управа за државни инвестиции се распрашувал за купување на Росонерите.

Милан моментно е во сопственост на американскиот фонд „Елиот Менаџмент“, кој ја презеде контролата над клубот откако претходниот сопственик, Кинезот Јонгхонг Ли не успеа да го исплати кредитот за купување на тимот од „Сан Сиро“.

„Се надевам дека за брзо време ќе успеам да купам италијански клуб. Ми се допаѓаат клубови кои играат со црвени дресови“, изјавил Шеикот Амад бин Али Ал Тани.

Освен Милан, како опција за шеикот е и Рома, која игра во црвени дресови. За Шеикот парите нема да бидат проблем бидејќи неговото богатство се проценува на 335 милијарди долари. Милан веќе 10-тина години е далеку од конкурентите за титулата, а клубот сезонава дури се откажа и од учество во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести