Катарскиот шеик е подготвен да понуди повеќе од тоа што се бара за да го купи Манчестер јунајтед

Тимот на Јасим ал Тани, кој е задолжен за преговорите околу купување на Манчестер јунајтед, на денешниот состанок со претставници на англискиот премиерлигаш, истакнал дека катарскиот шеик е подготвен да плати и поголема сум од таа што се бара.

Според Скај Спорт, шеикот Ал Тани ја донел оваа одлука по консултациите со финаниските советници. Тие му порачале дека сумата која актуелните сопственици на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, ја бара е прифатлива.

Освен претставниците на шеикот, денеска разговори со претставници на Манчестер јунајтед имал и најбогатиот Британец, сер Џим Ретклиф, кој исто така изразил подготвенот да го купи најтрофејниот англиски премиерлигаш.

Семејството Глејзер бара шест милијарди фунти за да го продаде Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести