22.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Катарци дошле по Лука Модриќ во Мадрид

Претставници на засега неименуван клуб од Катар, според шпанскиот спортски весник „Марка“, неодамна допатувале во Мадрид за преговори со Лука Модриќ. Со оглед на тоа што хрватскиот ас наскоро ќе наполни 40 години, изгледа дека неговиот престој во Реал Мадрид е пред крај.

Модриќ имаше желба да ја заврши својата кариера во Мадрид и да учествува на следното Светско првенство како дел од тимот на Реал, но изгледа дека плановите на претседателот Флорентино Перез се поинакви. Досега нема најава за продолжување на неговиот договор, кој истекува на крајот од оваа сезона.

Во текот на последните две години, Модриќ доби неколку понуди од клубови од Блискиот Исток.

- Оглас -

Најнови вести